Фудбал

(фото) САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“ ПУШТЕНА СО ДЕВЕТ ГОЛА!

По долги 12 години во салата „Македонија“ се одигра првенствен спортски натпревар, Победа – Скопје, од 17. рунда на Втората футсал-лига на Македонија. Победија домашните со 6:3. Стрелци: Никола Трајкоски, Виктор Алексоски 3, Кире Наумоски, Стефан Спиркоски (Победа) – Илија Алексовски, Мартин Миленковски 2 (Скопје). Шести триумф на Победа, 12-ти пораз на Скопје.

Иако се одигра на неочекувано место, во неочекуван ден и во доцните вечерни часови, мечот го проследија триесетина љубители на футсалот.

ПОБЕДА: Настески, Нацески, Тошески, Спиркоски, Сркески – Китаноски, Трајкоски, Алексоски, Наумоски, Каришик.

СКОПЈЕ: Блажевски, Б. Ѓуровски, Миленковски, Димковски, Д. Ѓуровски – Алексовски, Стојановски.

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО: Победа – Скопје 6:3, Шкендија – Енхалон, Каршијака – Јувентус 5:5, Университи – Кратово 6:5, Проект – Балкан 8:4, Партизан – Кораби 7:15, Мал Ајакс – Конзули 6:3.

ТАБЕЛА: Проект 45, Кораби 41, Јувентус 40, Енхалон и Балкан 24, Партизан и Кратово 23, Каршијака 21, Шкендија 20, Мал Ајакс и Университи 19, Победа 17, Скопје и Конзули 13.

СЛЕДНО 18. КОЛО: Кораби – Победа, Енхалон – Мал Ајакс, Конзули – Партизан, Скопје – Проект, Балкан – Университи, Кратово – Каршијака, Јувентус – Шкендија.

 

Од категоријата

ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНИ!

Зоран Иге

КАНАТЛАРЦИ ПОБЕДИ, ГАРВАН НЕ ИЗДРЖА СО ПОВРЕДЕН ГОЛМАН!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ДВА ЦРВЕНИ КАРТОНА, НИЕДЕН ГОЛ НА ДЕРБИТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе