Фудбал

СТОПЕРОТ НА ПОБЕДА ВО НОВА УЛОГА!

Во последните неколку сезони, во прволигашки и второлигашки ранг, незаменлив во одбраната на Победа на позицијата стопер беше Филип Стомнароски. Меѓутоа, по настапите во есенскиот дел од актуелното второлигашко првенство, токму во најплодните години (28) одлучи да биде во друга улога – тренер. Своето искуство во иднина ќе го пренесува на младите од општините Прилеп и Кривогаштани, на фудбалерчиња родени меѓу 2011 и 2018 година, преку новоотворената фудбалска школа именувана како „Вондер кидс“. Во неа ќе работат уште тројца тренери, познати имиња – Филип Мирчески, Стевче Талески и Жарко Димески. За официјален почеток на школата е одреден 29 април.

Од неодамна Филип Стомнароски работи и како професор по физичко образование.

 

Од категоријата

„ТЕСЕН“ РЕЗУЛТАТ ВО СТРУГА

Зоран Иге

БРГУ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО МРЕЖИТЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО+СОСТАВИ) ЏЕК ПОБЕДИ ПРЕД ПРЕПОЛНА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе