Пинг-понг

НАВИКНАТ СО МЕДАЛИ ВО ПРИЛЕП, ПРОДОЛЖУВА ТАКА ВО ШВЕДСКА!

Довчерашниот тренер на прилепски Младост 96, Гоце Тошески, во новата средина – шведскиот клуб Вернамо, е само два месеца, доволно за да има успеси со младите пингпонгари. Всушност, ова е само продолжение на неговата кариера помината во Македонија, каде има седум титули екипен државен првак – пет како играч, две како тренер, покрај десетте  титули во двојки.

Претходниов викенд со 12 свои членови зеде учество на Регионално првенство на Шведска, каде покрај домаќинот Вагерид, партиципираат уште градовите Вернамо, Јеншепинг и Ветланда. Во конкуренција на 150 учесници, низ натпревари на 16 маси, освоени се 9 медали – 3 златни (Валдермар Новак, Ноа Селиндер, Алфред Аландер) 2 сребрени (Бенџамин Алмен, Елиас Лид Турсон) и 4 бронзени (Алфред Рагнарсон, Јозеф Петерсон, Лукас Луо, Петер Богојески).

Во клубот Вернамо покрај Тошески се двајца негови внуци – играчот Петер Богојески и помошникот во работата Димитар Петрушевски.  

Од категоријата

КОЈ ЌЕ ГО ЗЕМЕ ГОЛЕМИОТ ПЕХАР?

Зоран Иге

(фото) СКОПЈАНИТЕ СОВЛАДАНИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕ САКААТ „МАЈСТОРКА“!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе