По одличното издание во Радовиш – ремито (1:1) и освоениот бод со третопласираниот Детонит, се загрева атмосферата во Победа за следниот меч во Прилеп. Веќе задутре (сабота, 15 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е дуелот со Кожуф. Симпатизерите на Победа се повикуваат за масовно присуство низ давање силна поддршка на својот клуб. Гостинот од Гевгелија е за респект, со пласманот на 10. место. Мотивот е силен. Евентуелните три бода можат прилепската екипа да ја однесат две места погоре на табелата, над Новаци и Тетекс, доколку овие два тима не успеат да победат со Охрид и Вардар.
ТАБЕЛА: Беса 60, Пелистер 54, Детонит 46, Арсими 41,Охрид 37, Скопје 35, Башкими 31, Беласица 30, Вардар Н. и Кожуф 28, Тетекс и Новаци 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 17, Караорман 15.