Две второлигашки екипи со името Победа гостуваат во Струга. Денеска футсал-тимот, утре (сабота) екипата од големиот фудбал. Вечерва (20,30 часот) во салата „Тими“ е дуелот Енхалон – Победа, во 22. рунда од Втората футсал-лига на Македонија. Домашните се фаворити, ако се има предвид табелата и освоените бодови. Но, потсетуваме, есеноска во Прилеп беше 4:3 за Победа.
– Ден за натпревар. Играме на гостински терен против екипата на Енхалон од Струга. Одиме на победа – порачуваат од КМФ Победа.
РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО: Победа – Партизан 3:6 (Филип Нацески, Стефан Спиркоски, Виктор Тошески – Синиша Симјаноски, Дејан Кајсторовски 2, Виктор Јовановски, Илија Јанкулоски, Даниел Радески), Кратово – Енхалон 8:5, Јувентус – Балкан 12:11, Шкендија – Скопје , Каршијака – Кораби 8:7, Университи – Конзули 5:0, Проект – Мал Ајакс 6:0.
ТАБЕЛА