Фудбал

ПРИЛЕПСКИ НАВИВАЧИ КОН СКОПЈЕ!

Екипата Победа уште од утре (петок) се упатува кон Скопје во карантин пред бараж-дуелот за Втора лига в сабота во 17 часот против Куманово, а на самиот ден на натпреварот, кон Скопје се упатуваат и навивачите. Дознаваме дека навивачката група „Мајмуни“ обезбедила автобуси за патување на сите клупски симпатизери без оглед на возраста, коишто сакаат да и дадат поддршка на Победа на овој најзначен меч оваа сезона. Така, покрај бесплатниот превоз со автобуси, обезбедени биле и бесплатни сендвичи и пијалаци. Автобусите ќе ги примале патниците до 13 часот в сабота, пред Рекламите, од каде е поаѓањето кон Скопје и Стадионот „Ѓорче Петров“.

Победа има играно бараж-мечеви за Втора лига на „Ѓорче Петров“ на 3 и 7 јуни 2015 година, кога со 4:1 и 1:1 беше подобра од струмичка Беласица.

Од категоријата

ФУДБАЛЕР ОД СКОПЈЕ ДОЈДЕ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

НА ОВОЈ СТАДИОН РЕКОРДНИОТ БРОЈ ГЛЕДАЧИ Е ПОРАДИ ПОБЕДА!

Зоран Иге

ЕДЕН МЕСЕЦ Е ОДМОРОТ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе