Славје на прилепчаните денеска и на Стадинот „Ѓорче Петров“ во Скопје, и секаде каде што се. Победа – Куманово 2:1. Прилепскиот тим останува член на Втората лига на Македонија. Во други минати времиња можеби ќе беше чудно некој да се радува на ваков исход, но во овој момент ако се знае каков е клубот, т.е. каков млад состав има Победа, задоволството има основа. Стрелци на денешниот меч: Давид Дебрешлиоски во 62., Димитар Шаркоски во 71. (Победа) – Дарио Десниќ во 73. (Куманово). Првиот гол на Дебрешлиоски беше со убав пласиран удар во аголот, а вториот на 16-годишниот Шаркоски со волеј или најдобро опишано со „ножички“. Во еден дел од играта кумановчаните имаа свои шанси, но во одбранбениот дел Победа цврста, а кога најмногу требаше пак одлични интервенци на голманот Антонио Столевски.
ПОБЕДА: Столевски, Сарески (70. Ристов), Г. Димоски, Д. Дебрешлиоски, Адили (89. С. Спиркоски), Поп-Антоски, Ивчески, Д. Шаркоски (80. Тасески), Кофиловски, Да. Спиркоски, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
КУМАНОВО; Трајковски, Николовски, Андоновски (63. Тасевски), Велиновски, Стојковски (80. Стојановски), Исени (80. Благоевски), Десниќ, Мицевски, Јовановски (60. Насковски), Ивановски, Димов. Тренер: Даниел Стојановски.
БАРАЖ-ДВОЈКИ ЗА ВТОРА ЛИГА: Победа – Куманово 2:1, Влазерими – Борец 2:3, Вардарски – Кораби 3:2.
БАРАЖ ЗА ПРВА ЛИГА (недела, 26 мај во 17 часот, Струмица): Вардар – Детонит.