На второлигашкиот опстанок на Победа не му се радуваат само прилепчаните. Еден од најголемите навивачи на прилепскиот тим е Ангелко Тошевски, роден во Кавадарци, израснат во Прилеп, живее во Велес.
– Бравоо за децата од Победа. Ме прават горд и среќен. Со бивши фудбалери од Борец коментираме и се восхитуваат на Победа – вели Ангелко.
Ангелко иако пензионер, многупати има навивано за Победа во Прилеп и на многу други места низ Македонија.