Фудбал

„ДЕТЕ“ НА ПОБЕДА Е НА СВЕТСКОТО ВО КАТАР!

Македонската фудбалска репрезентација не се пласира на Светското во Катар, но таму ќе има Македонци, како дел од тој настан. Еден од нив е 26-годишниот Марјан Митрески, Тој е „дете“ на прилепска Победа, во која настапуваше за младинските категории, како и за сениорскиот состав до 2016 година. Во последните неколку години се посвети на работата како бармен. Затоа ја прифатил понудата сега во Катар да заработува како бармен и тоа во бар сместен на новиот стадион „Ал Тумама“ во Доха, каде ќе се играат мечеви од Светското првенство.

– Заминувам утре заедно со колеги Хрвати, преку кои обезбедив ангажман таму, бидејќи во Хрватска претходно работев со нив. На стадионот во Доха сум до 14 декември, што значи се враќам четири дена пред финалето. Покрај напорната работа со многу гости, како поранешен фудбалер би сакал да видам што повеќе од натпреварите на стадионот, доколку имам време – ни рече Митрески.

Стадионот „Ал Тумама“ во облик на капа од тамошната традиција, е еден од осумте во Катар. Собира 40 илјади гледачи. Таму се осум натпревари, меѓу 21 ноември и 10 декември: Сенегал – Холандија, Шпанија – Костарика, Катар – Сенегал, Белгија – Мароко, Иран – Сад, Канада – Мароко, еден 16-финален и еден четвртфинален.

Од категоријата

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ?

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НЕВЕРОЈАТНО – ВТОРПАТ ДАДОА 12 ГОЛА!

Зоран Иге

КОЈ ПОБЕДУВА, СТАНУВА ТРЕТОЛИГАШ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе