Ракомет

ВРТЕЊЕ КРУГ: ПРИЛЕП – ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО!

Чудна сезона во фудбалот и ракометот. Исти градови се вртат во круг за кусо време. Во Втората фудбалска лига само што јавноста беше сведок на мечевите на Победа за опстанок (пораз во Битола од Пелистер, победа во бараж-мечот за опстанок со Куманово), еве во Супер-лигата за ракомет се повторуваат истите градови. Во плејаутот за опстанок се игра последното, 14. коло, а во борбата за првото и второто место за директен опстанок се екипите Прилеп, Еурофарм Пелистер и Куманово. Третопласираниот оди во бараж-меч против Радовиш, второпласиран од Првата лига.

Еве го распоредот за в сабота во 16 часот: Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп е дербито Прилеп – Еурофарм Пелистер 2. Ако Прилеп победи, ем се спасува, ем е првак во групата. Тогаш поразениот Еурофарм Пелистер 2 можно е да падне на третото место. Така е затоа што третото Куманово има шанса да победи во Скопје, со Мултиесенс, на дуелот кој е во истото време. Значи, можни се неколку комбинации, имајќи ја предвид табелата:

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 33, Куманово 32, Мултиесенс 23, Вардар Н. 21, Голден арт 16, Скопје 6, Аеродром –11.

Од Супер-лигата директно отпаѓаат пет тима.

Од категоријата

РК ПРИЛЕП: ДОАЃААТ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА!

Зоран Иге

ПРЕСВРТ ЗА УБАВ ИЗГЛЕД НА ТАБЕЛАТА!

Зоран Иге

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: ПЛУС 11 ЗА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе