Ракомет

ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО МНОГУ НОВОСТИ!

Иако е летен одмор, има активности во машкиот ракометен суперлигашки клуб Прилеп. Новостите се позитивни, според очекувањата на одлично организиран колектив. Така, убава вест е дека Управата го продолжи договорот со Христи Бикоски, еден од најдобрите играчи и стрелци. Брзото лево крило веќе шеста сезона ќе биде дел од прилепскиот состав, а сега и во улога на капитен. Тренерот, битолчанецот Божидар Мојсов, наесен ќе го има на располагање и младиот среден бек Ангел Крстески. Тој потпиша професионален договор за верност во следните три години. 

Претходно во клубот пристапија: голманот Стефан Христоски, кој доаѓа од Партизан (Белград, Србија), пивотот Александар Тренчевски од Струга, како и бековите, Божидар Илиески, дојден од Мултиесенс (Скопје) и Никола Јеремиќ од Елвиес (Шпанија).

Подготовките, низ тренинзи и пријателски мечеви, обично почнуваат кон крајот на јули.

Од категоријата

(видео) КОЈ БЕШЕ МИЛЕ НЕШКОСКИ?

Зоран Иге

ПРИЛЕП СЕ ВРАТИ КОН ВРВОТ!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ДВА РАКОМЕТНИ МЕЧА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе