70 години ракомет во Прилеп

ПРИЛЕПСКИТЕ ДРЕСОВИ ГИ ИСПЛАШИЈА ГОСТИТЕ!

            Политиката во спортот секогаш носи штета, па така беше и на 3 октомври 2009 година. Тогаш во салата „Македонија“ во Прилеп требаше да се одигра мечот од 2. рунда на европскиот ракометен куп за жени, Челенџ-купот, помеѓу домашниот Жито Прилеп и Мегас Александрос од Грција. Меѓутоа гостинскиот тим иако допатува во Прилеп одлучи да не го одигра натпреварот. Причина – дресовите на Жито Прилеп, на кои е амблемот со шеснаесетзрачното сонце. По ова ЕХФ службено го регистрира мечот со 10:0 за прилепската екипа. Натпреварите беа во групата од четири тима. Во рамките на таа група, потоа Жито Прилеп со 34:14 ја совлада ирската Астра, па заедно со украинската Дњепрајанка (пораз од неа со 28:16) се пласира во 3. рунда од Челенџ-купот.

            За Жито Прилеп на двата меча настапија: Александра Стојков, Марија Барлакоска, Цветанка Срњакова, Софија Аџулеска, Цветанка Попова, Моника Ристовска, Менче Божиноска, Емилија Дукоска, Марија Когој, Ирена Петрова, Симона Ѓорѓиевска, Оливера Паризоска, Марија Петлеска и Светлана Шишкова. Тренер беше Рубин Кузманоски.

Од категоријата

ПРВО ПРВЕНСТВОТО ПОЧНА, ПА КЛУБОТ СЕ ФОРМИРА!

Зоран Иге

ВО РАКОМЕТ ПРИМИЈА САМО 7 ГОЛА И ПАК – ЗАГУБИЈА!

Зоран Иге

БОРБА ЗА ТИТУЛА ПРЕД ДА ПОЧНЕ ПРВЕНСТВОТО!?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе