Фудбал

(аудио) ТРЕНЕРОТ МОМА ИЛИЌ ОД БЕЛГРАД СО ПОДДРШКА ЗА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА!

Повозрасните фудбалски љубители се сеќаваат и ден-денес често го спомнуваат некогашниот фудбалер и тренер Момчило Мома Илиќ. Како фудбалер стигнал и до белградска Црвена звезда, а во тренерската кариера се памети дека ја водеше прилепска Победа во далечната 1981 година. Роден во Бор пред 90 години (1934), сега живее во Белград. И на оваа возраст се интересира за фудбалот, дури се интересира и за Победа. Неодамна по телефон се јавил кај Благојче Гешоски, првиот човек на Победа.

Кога ние му се јавивме, беше воодушевен кога му рековме дека сме од Прилеп. Тој не само што беше тренер во Победа, туку имал и семејни корени од Небрегово, така што се чувствува како „половина Македонец“.

Има надолго и нашироко да се разговара со легендарниот Момчило Мома Илиќ. Во зимата 1981 година доаѓа во Победа, водена од претседателот Благоја Миноски – Мината и секретарот Веселин Тофоски – Батката. Тогаш, на полусезона, Победа е трета на табелата и се бори со конкурентите битолски Пелистер и штипска Брегалница. Во таа трета по ранг, Македонска фудбалска лига, само првиот влегуваше во погорен ранг, Втората лига на Југославија.

Интересни се дерби-дуелите со Пелистер и со Брегалница во Прилеп. Првиот меч завршува со 3:1 (стрелец на трите гола Гоце Манески), а вториот со службен резултат од 3:0, по прекин со вина на штипјаните, при резултат 2:1 (двата гола за Победа ги даде Златко Милосовски). На овој начин Победа стана првак и влезе во Втората југословенска лига – Исток.

Двете дерби-средби се со многу публика. Никој точно не можел да изброи колку гледачи беа на трибините од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Новинарите проценија дека со Брегалница биле 18 илјади, а со Пелистер дури 25 илјади гледачи. Вториов меч е прифатен како рекорд во историјата на прилепскиот фудбал. Еве ги составите на екипите од ова големо дерби:

ПОБЕДА: Т. Тодороски – Глушески (О. Котески), В. Димоски, Р. Ѓорѓиоски, И. Најдоски, Л. Петрески – Г. Манески, Магдески, Глигороски, Сусулески, З. Конески (Милосовски) Тренер: Мома Илиќ.

ПЕЛИСТЕР: Димитровски – Богоевски, Мицковски (Љ. Љамчевски), Н. Љамчевски, Митревски, Канатларовски – Трајковски, Нечовски, Богоевски (Зекиќ), Димевски, Упалевски. Тренер: Наум Бутевски.

Во врска со овој период, интересно е појавувањето на Илија Најдоски.  Нема фудбалски вљубеник кој не знае детали за неговата фудбалската кариера. Тргна од крушевско Питу Гули, па се афирмира во прилепска Победа, оттука преку скопски Вардар стигна до белградска Црвена звезда, со која стана европски и светски шампион. Како станал првотимец на Победа на 16 години, веднаш преземен од младинскиот тим, се сеќава како вчера да било Момчило Мома Илиќ.

ВИДЕО-ИЗЈАВА ОД 1981

АУДИО-РАЗГОВОР ОД 2024

 

 

 

 

Од категоријата

ТРИ ГОЛА КАКО ЗАГРЕВАЊЕ ЗА КУПОТ! (фото)

Зоран Иге

КАПИНКОВСКИ: ПУБЛИКАТА НИ Е ВЕТЕР В ГРБ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦ Е ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА ЗА ПОБЕДА ВО КОЧАНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе