Во пријателски меч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа – Кожуф 2:0. Стрелци се најмладиот и новиот во домашниот тим. Првиот гол во првото полувреме го даде Димитар Шаркоски. Станува збор за истиот фудбалер кој неодамна, во бараж-меч со Куманово постигна победоносен гол за опстанок во Втората лига. Тој има само 16 години, исто колку и Давид Паскоски. Вториот гол денеска го даде новодојдениот токму од редовите на Кожуф, 20-годишниот Мартин Андоновски. Беше реализатор на пеналот, изнуден по фаулот врз Мартин Миланоски.
ПОБЕДА: Столевски, Кофиловски, Ивчески, Ристов, Ѓурчиновски , Богевски, Да. Спиркоски, Д. Дебрешлиоски, Фејзуловски, Д. Шаркоски, Н. Талески. Уште настапија: Шемкоски, Миланоски, М. Талески, Андоновски, Л. Петејчук, Крајоски, Тасески, Митрикески, Новески, Паскоски, Арифи, С. Спиркоски, И. Трајкоски.
Следниот, трет контролен меч за Победа е в сабота со Башкими, во Куманово.
ГОРАН ДИМОСКИ ВО БОРЕЦ
Десниот бек на Победа, Горан Димоски, ја прифати понудата и замина во новиот второлигаш Борец. Тој е четвртиот што летово го напушти прилепскиот тим, покрај левиот бек Христијан Поп-Антоски (Детонит), десниот бек Никола Сарески (Кожуф) и напаѓачот Дестан Адили (Воска). Од друга страна, новодојдени во Победа се петмина: голманот Антонио Шемкоски (повратник од Големо Коњари), десниот бек Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница), за врска Мартин Андоновски (Кожуф), напаѓачите Никола Талески (Беласица) и Амир Фејзуловски (Детонит).