Шах

ПРИЛЕП АТАКУВА НА МЕДАЛ!

Прилепските шахисти и шаховски екипи се меѓу најактивните во текот на летниов период. Каде има турнир или првенство, таму се и тие. Еве го прегледот во екипна конкуренција:

Во Струмица од 24 јули почна и ќе трае до 1 август Првата лига на Македонија за мажи. Таму учесници меѓу 9 тима се два прилепски клуба – Прилеп и Пелагон. Во 1. рунда екипата Прилеп со 4:2 го совлада Штајниц од Битола (преку победи на Дејан Ѓорѓиески и Кире Николоски и реми на ВМ Мирослав Миљковиќ, ВМ Бобан Богосављевиќ, ИМ Тони Кироски и Стевчо Ѓорѓиевски), а во 2. рунда одигра нерешено 3:3 со Пелагон (сите партии завршени со реми: ВМ Мирослав Миљковиќ – ВМ Далибор Стојановиќ, ВМ Бобан Богосављевиќ – ВМ Никола Седлак, ИМ Тони Кироски – Горан Готовуша, Дејан Ѓорѓиески – Марко Стојановски, Стевчо Ѓорѓиевски – Марјан Дамчески, Кире Николоски – Љубен Ристески). Претходно, во 1. рунда Пелагон со 2:4 загуби од Куманово (преку победата на ВМ Никола Седлак, ремијата на ВМ Далибор Стојановиќ и Горан Готовуша). Засилувања од странство кај Прилеп се ВМ Мирослав Миљковиќ и  ВМ Бобан Богосављевиќ од Србија, а кај Пелагон ВМ Далибор Стојановиќ од Босна и Херцеговина и ВМ Никола Седлак од Србија.

По ова од ШК Прилеп порачуваат:

– Одиме кон медал и пласман во Купот на европските шампиони во Врњачка Бања!

Денеска од 16 часот е 3. рунда, во која Прилеп игра против Шкупи од Скопје, а Пелагон со Анпасан од Шипковица.

Во Струмица од 24 до 30  јули е и Првата лига на Македонија за жени. Во неа меѓу 8 тима има место и прилепскиот клуб Пелагон, кој учеството го обезбеди преку првото место во квалификациите. Во 1. рунда Пелагон со 0:4 загуби од Центар од Скопје, а во 2. рунда со 3,5:0,5 постигна победа над Шах-шех од Битола (победија Софија Вардака, Стилијани Вардака и Теодора Ѓорѓиеска, а ремизира Викторија Велеска). Засилувања од странство за Пелагон се Софија Вардака и Стилијани Вардака – двете од Грција.

Во денешната 3. рунда од 16 часот Пелагон игра со Неготино.   

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ ОДИГРА 22 ПАРТИИ ЗА ТРИ ДЕНА ВО БУГАРИЈА!

Зоран Иге

ЧУДО: ИГРАШЕ СО КАРПОВ, ОСВОИ ТИТУЛА ПРЕД 48 ГОДИНИ, А ДУРИ СЕГА МУ ЈА ПРИЗНАА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ПОДОБАР ОД 151 УЧЕСНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе