Ракомет

ПРИЛЕП ПОЧНУВА В ПОНЕДЕЛНИК!

Одморот за ракометарите на машкиот суперлигаш Прилеп е малку повеќе од два месеца, имајќи предвид дека трае од 2 јуни а приближува првиот следен собир.  Од прилепскиот клуб јавуваат дека тој прв следен собир, таа прва прозивка со првиот тренинг ќе се случат на 5 август, в понеделник, во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Тогаш трнерот Божидар Мојсов ќе се види со кој играчки кадар располага, иако и сега се знае дека нови се голманот Стефан Христоски, од Партизан (Белград, Србија), пивотот Александар Тренчевски (Струга), како и бековите – Божидар Илиески (Мултиесенс Скопје) и Никола Јеремиќ (Елвиес, Шпанија). Во рамките на подготвителните мечеви, влегуваат и дуелите на деветтото издание од Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешковски” од 29 август до 1 септември, каде покрај Прилеп, Охрид, Тиквеш (Кавадарци), Куманово, Еурофарм Пелистер 2 (Битола), пријава за учество има и од Врање, суперлигаш од Србија.

Интересно е што на 5 август подготовките ги стартува и женскиот клуб Деспина, со новиот тренер Адријано Котевски.

 

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО МНОГУ НОВОСТИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ПОБЕДА ПРЕТЕНДИРА ЗА 2. МЕСТО

Зоран Иге

КОЈ ЌЕ БИДЕ ФИНАЛИСТ – ДУБОЧИЦА ИЛИ ПРИЛЕП?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе