Фудбал

ОХРИДСКИОТ ТИМ ПОВЕДЕ СО ДВА ГОЛА, ПРИЛЕПСКИОТ ВОЗВРАТИ ПРЕКУ МЛАДИОТ АРИФИ!

На денешниот контролен меч во Охрид, Охрид – Победа 2:1. Добра проверка на двата второлигаша. Според информациите од Охрид, домашната екипа успеа да постигне два гола во серија – преку Стефан Џајкоски и Алтин Лога. Меѓутоа, во второто полувреме штотукувлезениот 17-годишен Салим Арифи при првиот контакт со топката удира силно и неодбранливо во аголот за 2:1. Ова беше петта контрола за Охрид, четврта за Победа на која и се неопходни овие претсезонски мечеви со оглед на младоста, каде капитенот Антонио Столевски има само 22 години, а и највозрасниот Стефан Спиркоски не е далеку, со 25 години.

ПОБЕДА: Столевски, Кофиловски, Ивчески, Новески, Ѓурчиновски, Богевски, Да. Спиркоски, Д. Шаркоски, Фејзуловски, Андоновски,  Н. Талески. Уште настапија: Шемкоски, Миланоски, М. Талески, Л. Петејчук, Тасески, Паскоски, Арифи, С. Спиркоски, И. Трајкоски.

Следниот тест за Победа е в сабота, со Беласица, во Струмица.

Од категоријата

ПОБЕДНИКОТ НА КУПОТ ОД ОФС ПРИЛЕП СЕ ОТКАЖА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ДЕТАЛИ ЗА ДЕСЕТТЕ НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе