Стартот на Општинската лига на Општинскиот фудбалски сојуз – Прилеп е најавен за 22 септември. Уште отсега се знае дека форматот ќе биде истиот од претходната сезона, со две групи А и Б, само прашање е со колку екипи, бидејќи низ градот се зборува за формирање нови клубови и нивно пријавување во овој ранг. Дефинитивниот изглед на групите ќе биде познат со ждрепката и распоредот на натпреварите, што ќе се случи на 14 септември.
Потсетуваме, во претходната сезона во А-групата беа: Влазними јуниор (Пресил), Стрела (Ерековци), Млекар (Мало Коњари), Обршани, Братство (Големо Коњари), Тризла (Прилеп) и Напредок (Крушеани). Во Б-групата учествуваа: Кадица (Забрчани), Црвена ѕвезда (Сенокос), Мукос (Дреновци), Динамо (Мажучиште), Кадино, Гарван (Десово), Боротино, Корзо (Прилеп) и Прилеп сити. Екипите Влазними јуниор (Пресил) и Обршани се најавени како учесници во претстојното првенство од Третата лига – Југ.