Утре (недела) од 16 часот се играат мечевите на 3. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, во чија рамка и дуелот во Скопје, Македонија ЃП – Победа. Секогаш интересен дуел па и сега, на екипи експрволигаши – Победа во сезоната 2022/23, Македонија ЃП во 2023/24. Есенва Победа прво минимално со 2:1 загуби во Штип од Брегалница, потоа со 5:0 дома го совлада велешкиот Борец, додека Македонија ЃП прво дома со 2:0 беше подобра од Охрид, потоа со 2:1 во Куманово го совлада Башкими.
За екипата Македонија ЃП е интересно што во своите редови има двајца прилепчани во средниот ред и во нападот – Христијан Вецески и Марио Наумоски. Христијан Вецески (има 25 години) настапуваше и за Еуромилк, Вардар, Работнички, Пелистер, Саса, Тетекс, а во Победа беше член до 2020 година. Марио Наумоски (24 години), претходно одигра и во Пелистер, Брегалница Штип, Металург, Кожуф, а за Победа во сезоната 2022/23.
ПРЕТСТОЈНО 3. КОЛО (недела, 1 септември во 16 часот): Македонија ЃП – Победа, Скопје – Вардар Н., Кожуф – Осогово, Детонит – Вардарски, Брегалница – Саса, Борец – Новаци, Арсими – Башкими, Беласица – Охрид.
ТАБЕЛА: Арсими, Брегалница и Македонија ЃП 6, Кожуф и Вардар Н. 4, Победа, Башкими, Новаци и Детонит 3, Скопје 2, Осогово, Беласица, Вардарски и Саса 1, Охрид и Борец 0.