Ракомет

ПРИЛЕП: НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО Е КАЈ ЧОВЕКОТ КОЈ ДАЛ 17 ГОЛА НА ЕДЕН МЕЧ!

Денеска завршува Деветтиот меморијален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешкоски 2024“ со доделувањето на екипните и поединечните награди. Наградата за животно дело е за 68-годишниот Гоце Бозароски, некогашниот играч на бековската позиција од 1973 до 1985 година, подоцна и тренер. Како играч има постигнато 17 гола на еден меч од Втората југословенска лига, против Металац од Ваљево. Еве што за неговата кариера има напишано Миле Талески во книгата „Монографија за прилепскиот ракомет и за РК Тутунски комбинат“:

„Гоце Бозароски во првиот тим на Тутунски комбинат влезе на експресен начин, по сосема кус престој меѓу младинците. Тој и кога дебитираше, можеше да се смета за голем ракометен ас, зашто очигледно беше дека се работи за исклучителен ракометен талент. Неговата афирмација беше метеорска, и набрзо стана еден од најдобрите македонски ракометари и спортисти во Прилеп, па се закити и со титулата најдобар спортист на Прилеп. И во мигот кога Бозарски требаше да ги презентира своите најдобри игри, да продолжи да ги воодушевува своите симпатизери, непредвидено дојде до тешка повреда, која дефинитивно го исфрли од паркетот. Штета, голема штета – и за него и за прилепскиот, а и за македонскиот ракомет. Меѓутоа, Гоце Бозароски беше упорен и остана во ракометот. Остана во својот матичен клуб, како тренер, каде што со успех работеше. Тој, иако мошне млад, нема погон на Тутунски комбинат во кој не работел. Започна со првата машка екипа, па со женскиот погон, работеше и со младата екипа со која освои и титули државен првак на Македонија, Така, големиот ракометен ас, кој сигурно ќе влезеше во таборот на најдобрите македонски ракометари на сите времиња, она што не го доискажа како активен актер, се потруди да го направи како тренерчовек кој на помладите им го пренесе своето богато искуство. А за утеха и неговиот син Александар исчекори по неговите стапки.

Гоце Бозароски со се заслужи место меѓу прилепските ракометни легенди, и не случајно стаса до тренер на Кадетската машка репрезентација на Македонија.“

Доделувањето на сите награди е денеска во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, каде претходно се мечевите за пласман – од 11 ч. за петто (Прилеп – Куманово) , од 13 ч. за трето место (Тиквеш – Врање) и од 15 часот финалето (Еурофарм Пелистер 2 – Охрид).

Од категоријата

ПРИЛЕП: СЕ ПОБЛИСКУ Е ДЕНОТ ЗА ПУШТАЊЕ НА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА!

Зоран Иге

РАМНО 40 ГОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРУПА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПОМИНА ИСТО КАКО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе