Фудбал

ПОБЕДА: МЕЧОТ СО АРСИМИ Е 11 ДЕНА ПОДОЦНА!

Екипата Победа последниот меч во системот на ФФМ го одигра на 1 септември (првенствениот второлигашки со Македонија ЃП во Скопје), а следниот ќе го има дури на 22 септември (првенствениот второлигашки со Беласица во Струмица). Тоа се цели три недели пауза, не само поради настапите на А-репрезентацијата, туку земени се предвид и Младинската до 18 години, како и Аматерската репрезентација на Македонија.

Не само што има пауза, туку и редоследот е изменет. Наместо по третото коло (со Македонија ЃП во Скопје) да се одигра четвртото (со Арсими во Прилеп), веднаш се прави скок до петтото коло (со Беласица во Струмица) на 22 септември. Дури потоа е враќањето кон четвртото коло (со Арсими во Прилеп) на 25 септември. Следат: шестото коло (дома со Охрид) на 28 септември и преместениот меч од 16-финалето за Купот (со прволигашот Гостивар во Прилеп) на 2 октомври.

Според ова, по одиграниот пријателски меч со прволигашот Тиквеш во саботата, следниов викенд има можност за уште една контрола на екипата Победа, без репрезентативците – Бојан Ивчески, Димитар Шаркоски (повикани во Младинската репрезентација на Македонија до 18 години), Антонио Столевски, Давид Дебрешлиоски и Дамјан Ангелковски (имаат повик за Аматерската репрезентација на Македонија),

Од категоријата

НЕМАА ПРИМЕНО ГОЛ ОД ЛАНИ, А ВО ПРИЛЕП ПРИМИЈА ТРИ!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ПОБЕДА НАСТРАДА ОД ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА ПОБЕДНИЦИТЕ ОСТАНУВААТ ДО КРАЈОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе