За разлика од минатото, не е лесно во денешно време да се обезбеди доволен број фудбалери за клубовите. Така, се случи на стартот од Општинската лига на ОФС Прилеп А-група да не се одигра мечот во Забрчани Кадица – Напредок Крушеани. Според забелешката на делегатот, причина е што гостинскиот тим пријавил само шест играчи, двајца помалку од минимумот. Домашните имале 11 за прва постава и 4 резерви. Според ова, Кадица со службен резултат го добива натпреварот.
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
А-ГРУПА: Кадица – Напредок 3:0 (службено), Стрела – Корзо 10:2 (Влатко Петрески 20., 33., 71., 84., Ардијан Мемет 41., Зоран Секирски 47., Бобан Марковски 53., Зоран Тасески 79., 83., 88. – Деан Ристески 15., Христијан Наумоски 49.), Прилеп сити – Козара 1:1 (Кирил Христоски 56. – Влатко Ристески 81.).
ИДНО 2. КОЛО: Корзо – Прилеп сити, Напредок – Стрела, Млекар – Кадица.
Б-ГРУПА: Црвена ѕвезда – Боротино 4:0 (Филип Ачкоски 28., Горан Илиоски 50., 61., Дарко Србиноски 74.), Братство – Гарван 1:4 (Октај Јусуфоски 16. – Емран Имероски 48., 77., 85., Сади Османоски 73.), Пролетер – Кадино 1:8.
ИДНО 2. КОЛО: Гарван – Пролетер, Боротино – Братство, Динамо – Црвена ѕвезда.