Несекојдневен пресврт се случи на мечот Деспина – Спартак, од 3. рунда на Супер женската ракометна лига, В-група. Гостинките од Скопје водеа на полувремето со 12:11, а и во 32. минута со 14:13, но понатаму прилепскиот тим се разигра и се избори за голем пресврт. Крајниот резултат е 39:27 за Деспина. Најистакнати стрелци: Андреа Конеска со 9, Ангела Камческа и Сања Цветкоска со по 6 (Деспина), Зорица Андовска со 12, Ангела Гроздановска со 6 гола (Спартак).
ТАБЕЛА
Во следното 4. коло во Скопје играат Шампион – Деспина.
Во 3. рунда од Супер лигата за мажи, Прилеп – Охрид 26:30. Најстакнати стрелци: Никола Јеремиќ со 6, Пеце Рајатовски и Томислав Квастек со по 4 (Прилеп), Гал Цицар со 8, Никола Јукиќ и Теимураз Орјоникидзе со по 5, Сафранко Рудолф со 4 гола (Охрид).
ТАБЕЛА
Во следното 4. коло е дуелот во Скопје Алкалоид – Прилеп.