Ракомет

ДВЕ ДЕСПИНИ СЕ ПОЈАВИЈА ВО БИТОЛА!

Денеска две женски спортски екипи од Прилеп гостуваа во Битола, двете под исто име – Деспина. Во 20. коло од Првата женска фудбалска лига, Деспина со 2:1 го совлада домашниот Топ гол. Стрелци на головите: Дарија Стојчевска во 6. за Топ гол, а Катерина Милеска во 4. и Теодора Јанковска во 72. минута за Деспина.  На табелата Деспина е 9. место со 16 бода, над кумановска Речица со 14, битолските Топ гол со 10 и Атлетико со 1. Во последните две кола прилепскиот тим игра дома со Истатов, гостува на Шкендија во Тетово.

Во 13. коло од плеј-офот во женската ракометна Супер лига, Деспина загуби од Пелистер со 20:17, полувреме 9:9. Најефикасна на мечот е Марија Јанкуловска со 10 гола од тимот на Пелистер, додека во Деспина по 5 гола дадоа Елена Рипилоска и Сања Цветкоска. На табелата Деспина е 6. место со 8 бода, над Стружанка и Пелистер со по 7. Во последното коло прилепчанките се домаќини на фаворитот Куманово, а Стружанка и Пелистер имаат меѓусебен дуел за преземање на 6. место.

Од категоријата

БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ОД АУТСАЈДЕР ДО ФАВОРИТ!

Зоран Иге

ЗА КОГО ЌЕ БИДАТ СЕДУМТЕ НАГРАДИ НА „МИЛЕ НЕШКОВСКИ“ ВО ПРИЛЕП?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе