Генералното спонзорство на компанијата Комфи ангел донесе многу позитивни новости во мапкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Од вчера нов тренер, шеф на Стручниот штаб е Божидар Мојсов. Тој е поранешен помошен тренер на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Својата богата кариера ја започнува како помошен тренер уште со формирањето на Еурофарм работник и и ја продолжува со спојувањето на Пелистер.
Претходно дојдоа заасилувања – средниот бек Црногорецот Драган Јелушиќ (Искра Бугојно – Босна и Херцеговина), голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ), пикерот Томче Трајчевски (Радовиш) и левиот бек Никола Цветаноски (Струга).
Наредна информација би требало да е датумот за старт на подготовките.