Вчера беше мошне жестоко и на теренот и околу него за време на мечот Победа – Арсими (1:2) од 4. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија. Бучно на секоја акција реагираше и публиката. Беа доделени по пет жолти картони и за домашните и за гостите, дури и црвен картон за гостинскиот лекар Гент Билали. Според напишаното во записникот, лекарот Билали бил исклучен веднаш по отсвирениот крај, поради неспортско однесување, провокација на публиката и снимање со телефон.
Ова многу не влијаеше врз играта, бидејќи е по завршувањето на мечот. Според пропозициите, при исклучен лекар за време на играта, неговата улога ја презема лекарот од другата екипа ако има потреба.