Во 5. коло од Супер лигата на Македонија за мажи, Прилеп – Радовиш 35:24. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ најистакнати стрелци беа: Божидар Илиески со 8, Денис Шабановиќ со 5, Христи Бикоски и Левани Имнадзе со по 4 (Прилеп), Иванче Ончев со 7, Филип Талевски со 5 гола (Радовиш). Ова е втора есенска победа на Прилеп и нов залет за претстојните мечеви. Првиот е викендов на гости – со Бутел во Скопје, а вториот седум дена подоцна дома со скопски Вардар. Трите тима ги издвојуваме затоа што се соседи на табелата.
ТАБЕЛА
Во рамките на 4. рунда од Супер лигата за жени, В-група, претстојниов викенд прилепска Деспина е гостин на Шампион во Скопје.