Вечерва салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп беше преполна, немаше празно место ни за седење ни за стоење. Се одигра мечот од 7. рунда на Супер лигата на Македонија за мажи, Прилеп – Вардар. Преубав амбиент, многу луѓе, што покажува дека Прилеп заслужува поголема сала за вакви натпревари од професионален ранг, објекти како што се Универзалната сала или салата „Македонија“.
Прилепскиот тим се потруди со борба и отпор да го направи интересен натпреварот. Сепак, фаворитот од Скопје победи со 37:27, полувреме 19:12.
Во следната рунда, Вардар игра дома со Куманово, Прилеп го пречекува Тиквеш.
Во рамките на 5. рунда од Супер лигата на Македонија за жени, В-група, во Скопје Вардар – Деспина 39:18.