Уште еден меч доби лидерот во Третата лига – Југ, Големо Коњари. Денеска дома со 1:0 го совлада Младост од Кривогаштани. Момент на одлука е 70. минута. Во Мало Коњари Влазними јуниор со 1:4 загуби од тимот Башкими, од Јаболчиште, Велешко. Во Возарци Дреново со 4:2 го совлада прилепски Ултрас. Сите четири гола за победничкиот тим ги даде Армен Мемедов.
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Влазними јуниор – Башкими 1:4 (Мерсин Мемедоски – Зани Ахмедовски 2, Лавдрим Лазами 2), Дреново – Ултрас 4:2 (Армен Мемедов 4 – Бобан Тошески, Миодраг Тасески), Питу Гули – Бучин 1:1 (Музафер Алиоски – Маринко Јованоски), Големо Коњари – Младост 1:0 (Мустафа Селманоски), Слога – Росоман 3:4 (Емир Каришиќ, Адмир Угљанин 2 – Мартин Темелковски, Бојан Миланов, Слободан Дуков, Кристијан Јованов), Венец – Обршани 3:0 (Марјанчо Илов, Петар Ристовски, Добре Цветков), Превалец слободен.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 18, Венец 13, Башкими 12, Превалец 11, Младост, Ултрас и Росоман 10, Дреново 9, Питу Гули 8, Бучин 6, Слога 4, Влазними јуниор и Обршани 3.
СЛЕДНО 8. КОЛО (27 октомври во 14 часот): Превалец – Обршани, Росоман – Венец, Младост – Слога, Бучин – Големо Коњари, Ултрас – Питу Гули, Башкими – Дреново, Влазними јуниор слободен.