Фудбал

ТРЕТИОТ ГОЛ ВО КАМЕНИЦА Е ЗА ПОБЕДА!

Падна и трет гол во Каменица, на дуелот Саса – Победа, од 10. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Во 30. минута стрелец за Победа е Никола Талески со неодбранлив удар од 18 метри далечина. Така, резултатот е 2:1 за Саса, бидејќи претходно домашната екипа постигна два гола во 4. и 10. минута.

Се игра финишот од првото плувреме.

САСА: Стојковски, Фидановски, Алиев, Чурлинов, Бекир, Алексовски, Ајрули, Ќосески, Димоски, Мичковски, Симевски. Тренер: Горан Гоцевски.

ПОБЕДА: Столевски, М. Талески, Н. Талески, Д. Дебрешлиоски, Јошески, Ристов, Д. Шаркоски, Ангелковски, Кофиловски, С. М. Спиркоски, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.

ДВОЈКИ 10. КОЛО (денеска од 13 часот): Саса – Победа, Вардр Н. – Новаци, Вардарски – Башкими, Осогово – Охрид, Скопје – Беласица, Кожуф – Арсими, Детонит – Македонија ЃП, Брегалница – Борец.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 22, Брегалница 21, Башкими 20, Арсими 19, Охрид 16, Кожуф 15, Детонит 14, Беласица 12, Новаци 11, Победа 10, Саса и Скопје 9, Вардар Н., Осогово и Борец 5, Вардарски 2.

За дуелот Саса – Победа на порталов „Шампион.МК“  ќе известуваме за секоја промена до крајот на мечот, кој започна точно во 13 часот.

 

 

Од категоријата

ИСТ ТЕРЕН, ИСТ ПРОТИВНИК ДЕНЕСКА И ПО ДВЕ НЕДЕЛИ

Зоран Иге

БРАЌА И БРАТУЧЕДИ ЕДНИ ПРОТИВ ДРУГИ!

Зоран Иге

ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ПРЕДАЛЕКУ ЗА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе