Традицијата за организација на зимски турнири во мал фудбал во Прилеп е долга веќе четири и пол децении. И оваа зима со нетрпение се очекува почетокот на новото издание на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Денеска од Никола Трајкоски, предводник на Организацискиот одбор, добивме информација дека стартот на турнирот ќе биде на 6 декември во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Таму ќе се одвива сениорскиот дел од турнирот, додека помалите категории ќе играат во салата од ООУ „Добре Јованоски“. Се очекува пријава на голем број екипи од цела Македонија, со врвни играчи и од најсилните клубови. И, што е мошне важно за Прилеп, трибините ќе бидат преполни со публика за најубав спортски амбиент.
Потсетуваме дека минатата година победник беше екипата Теа Андреа/Хајв кафе (Прилеп) преку победата од 3:2 на пенали против АСП Пак (Охрид), во основниот дел 2:2. Победничкиот состав беше: Антонио Столевски, Јорданчо Наумоски, Мартин Никовиќ, Марио Наумоски, Димитар Чоков, Давид Јошески, Дарко Анѓелески, Марјан Ристовски, Благоја Спиркоски и Дарко Илиески.
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА СИТЕ ИКОНИ
НА 076 502 403