По се изгледа не е далеку денот кога и прилепскиот спортски бренд ФК Победа ќе добие нови сопственици. Ова може да се претпостави со оглед на тоа што од луѓе на високи позиции дознаваме дека преговорите помеѓу клубот и турската компанија биле во завршна фаза. Значи, по завршувањето на есенскиот дел на првенството од Втората лига, може да се очекува поволна разврска со она што досега се зборуваше неофицијално. И нашиов медиум објави неколкупати такви неофицијални информации во врска со оваа тема, кои беа негирани, а сега се потврдуваат во интерес на клубот и градот кој секогаш живее за фудбалот.
Во врска со Победа, потсетуваме дека утре (сабота) од 13 часот дома игра со радовишки Детонит, без присуство на публика, по одлуката на ФФМ.