Фудбал

ПО ДОЛГИ 12 МЕСЕЦИ, УТРЕ НОВ ГОЛМАН НА ГОЛОТ ОД ПОБЕДА!

Утре (сабота) од 13 часот се мечевите од последното, 15. есенско коло на Втората фудбалска лига на Македонија, во чии рамки и Победа – Детонит. За овој меч интересно е што на голот од Победа ќе има нов голман по долги 12 месеци. Во овој период голот на прилепскиот тим успешно го чуваше младиот 22-годишен капитен Антонио Столевски. Тој не информира дека е повреден и на утрешниот меч нема да настапи. Не е лесно да се најде податок кога последен пат на првенствен меч тој не бранел. Тоа се случи на 9 декември 2023 година, на натпреварот Беса – Победа, кога голман беше Иван Николоски. Во оваа нова ситуација, за среќа, кандидат за голман е 20-годишниот талентиран Антонио Шемкоски, кој имаше можност да брани само на Куп-натпреварот со Гостивар во Скопје, на 2 октомври. Тој, на последното гостување во Гевгелија на Кожуф, беше резерва.

ДВОЈКИ 15. КОЛО (сабота, 7 декември, 13 часот): Победа – Детонит, Арсими – Вардар Н., Беласица – Македонија ЃП, Охрид – Борец, Башкими – Брегалница, Новаци – Кожуф, Саса – Скопје, Вардарски – Осогово.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 35, Брегалница 33, Башкими 29, Арсими 26, Детонит и Саса 24, Охрид и Кожуф 21, Беласица и Скопје 19, Новаци 17, Вардар Н. 14, Победа 13, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.

Од категоријата

МАЛИ ДЕЦА ЈА ВООДУШЕВИЈА ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА!

Зоран Иге

ВРИЕЖ ВО КАВАДАРЦИ

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ПРИЛЕП: ДЕТОНИТ ПАДНА ПО УДАРИ СО ГЛАВА И ВОЛЕЈ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе