Фудбал

ПРИЛЕП: АСИСТЕНЦИЈА СО ГЛАВА, УДАР СО ГЛАВА, И – ГОЛ! (фото, видео, состави)

Да беше најголемата прилепска сала „Македонија“ ќе се преполнеше, а камоли салата во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, каде вечерва е последниот ден од традиционалниот турнир во мал  фудбал „Свети Никола“. Прилепчаните премногу го сакаат фудбалот, трибината веднаш се полни и сите што имаат намера да ги гледаат завршните дуели во борба за медалите и пехарот ќе мора побргу да купат билети и да ги заземат своите места на трибината.

А има што да се види, бидејќи играат врвни мајстори на малиот фудбал. Така беше и синоќа, на полуфиналните мечеви. Прво се случи изненадување, победата на скопскиот тим Гостилница „Кај џек“ со 2:0 врз прилепскиот Хајв кафе/Теа Андреа. Минатогодишниот победник, за кого настапуваат познати фудбалери од големиот фудбал, не успеа да влезе во финалето.

ХАЈВ КАФЕ/ТЕА АНДРЕА: Антонио Столевски, Мартин Никовиќ, Давид Јошески, Марјан Ристовски, Дарко Илиески, Марио Наумоски, Димитар Чоков, Јорданчо Наумоски, Дарко Анѓелески, Благоја Спиркоски.

ГОСТИЛНИЦА „КАЈ ЏЕК“: Мирко Соколов, Андреј Јаневски, Михаило Митров, Стефан Димовски, Бојан Јанев, Никола Стојановски, Никола Димевски, Никола Анчевски, Марио Богоевски, Димитар Јанев.

На вториот полуфинален сениорски дуел, АСП Пак – Давид Коруноски 4:2. На охридскиот тим не му беше лесно се до финишот, кога беше разврската. Од овој меч може да се издвои четвртиот гол на АСП Пак, постигнат со глава. При акцијата интересно е што по силното фрлање на голманот со рака до противничкиот гол,  асистенцијата веднаш беше со глава одлево кон десно, а и ударот во мрежата беше со глава.

АСП ПАК: Мишо Ѓорѓиовски, Дејан Милошевски, Шенол Меди, Нико Пластиновски, Никола Угриноски, Стефан Петрушевски, Никола Секулоски, Наум Таулоски, Кристијан Петкоски, Боге Бимбиловски.

ДАВИД КОРУНОСКИ: Андреј Паскоски, Васко Петкоски, Филип Миовски, Бојан Мицески, Ѓорѓи Ѓорѓиоски, Игор Шеќероски, Слободан Давков, Мартин Гелевски, Унча Бојаџиески, Христијан Поп-Антоски.  

РЕЗУЛТАТИ СЕНИОРИ, ПОЛУФИНАЛЕ:

Хајв кафе/Теа Андреа (Прилеп) –  Гостилница „Кај џек“ (Скопје) 0:2

АСП Пак (Охрид) – Давид Коруноски (Прилеп) 4:2

РЕЗУЛТАТИ ПИОНЕРИ:

2016 ЗА 3. МЕСТО: Тони – Вондеркидс 3:0

2016 ФИНАЛЕ: Перак – Еврогол 1:0

2014 ЗА 3. МЕСТО: Перак – Тони 1:0

2014 ФИНАЛЕ: Пелистер – Талент БТ 2:0

2013 ЗА 3. МЕСТО: Талент БТ – Перак 1:0

2013 ФИНАЛЕ: Тони – Пелистер 4:2.

РАСПОРЕД ЗА ВЕЧЕРВА, СЕНИОРИ:

ЗА 3. МЕСТО 19,00: Хајв кафе/Теа Андреа (Прилеп) – Давид Коруноски (Прилеп)

ФИНАЛЕ        21,00: Гостилница „Кај џек“ (Скопје) – АСП Пак (Охрид)

Од 15 до 19 часот и меѓу двата сениорски меча се играат натпревари во пионерска конкуренција.

ВИДЕО

 

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

 

Од категоријата

ДРАМАТИЧНИ ТРИ МИНУТИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ БИСЕР АРИФИ ПАК ДАДЕ ГОЛ, НА ПЕЛИСТЕР!

Зоран Иге

НЕРЕШЕНО ВО ПРИЛЕП НА ДВАЈЦА ТРЕНЕРИ БИТОЛЧАНИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе