Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп се одвиваат подготовките на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Пред шефот на Стручниот штаб Божидар Мојсов е играчкиот кадар од есенскиот дел, а барем засега не се најавени некакви промени. Ова значи дека и натаму постои вербата дека со истиот тим може да се избори пласман до шестото место, пласман кој води во плејофот. Оваа цел не е недостижна, иако на есенската табела Прилеп е на осмото место со 14 бода. Воопшто не се далеку конкурентите – Пролет со 14, Тиквеш и Бутел по 16 бода. Покрај тренинзи, зимава ќе се одиграат и неколку пријателски меча, до 9 февруари, кога е првиот првенствен дуел дома, со Бутел.
– Очекуваме подобри резултати и посакуваме успех за нашите ракометари – е пораката од клубот.