Ракомет

ДЕНЕСКА РАКОМЕТОТ ВО ПРИЛЕП Е НАЈРАНО, ВО 13 ЧАСОТ

Ретко се случува првенствен ракометен натпревар во Прилеп да се игра во дневен термин и тоа, безмалку, напладне. Денешниот дуел од 5. коло на А-групата од машката Супер лига на Македонија, Прилеп – Вардар Неготино,  е од 13 часот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. На домашните им треба поддршка од публиката за да стигнат до првата есенска победа, а љубителите на ракометот порано да завршат со пазарењето, со оглед на тоа што саботата е главен пазарен ден за прилепчаните. Прилеп има три порази, едно реми на гостувањето во Струга, што значи еден бод, а Вардар Н. нема бод по четирите порази. Судии се интернационалците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, делегат Ацо Николовски, сите од Скопје.

Мечот може да се гледа и на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=8mk0dzqHeCY

Од категоријата

ТРЕТ УСПЕХ ВО СЕРИЈА ЗА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

ВЧЕРА ЗА ПРВЕНСТВО, ВИКЕНДОВ ЗА КУП!

Зоран Иге

КУМАНОВО ПОЧНА ДА ГУБИ, ДАЛИ ЌЕ ЗАГУБИ ВО ПРИЛЕП?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе