Ракомет

(фото) УШТЕ ЕДЕН КЛУБ НА ГРАДСКИ, ОСВЕН ПОБЕДА!

Утрово на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ имаше тренинг, но не го одржа фудбалската  второлигашка екипа на Победа, туку ракометната суперлигашка на Прилеп. Се работи за кондициски тренинг на ракометарите, тренинг придружуван со музика. Екипата професионално го одработи, предводена од капитените Филип Велески и Христи Бикоски.

Клубот на овој терен ова го практикува само во сабота. Другите тренинзи се или во вежбалница или во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Во рамките на подготовките се и седум-осум пријателски мечеви, од кои првиот е на 12 август, со Дубочица во Лесковац.

На истото место, стадионот „Гоце Делчев“ попладнево (17 часот) е пријателскиот фудбалски меч Победа – Пелистер.

Од категоријата

ПО ЧЕТВОРИЦАТА ИГРАЧИ, ДОЈДЕ И НОВ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ПЛУС ТРИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

(ФОТО) ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ПОЧНАА ОД 4. КОЛО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе