Денеска беше третиот пријателски меч за фудбалскиот второлигаш Победа. Во Скопје, на теренот со вештачка трева во Арачиново, беа две различни полувремиња. По првиот дел беше 0:1, водство на Победа, преку новодојдениот Исмаил Бектеш. Завршница на убава акција.
Меѓутоа, на стартот од вториот дел веднаш пенал за домаќинот и израмнување на 1:1. Потоа втор гол за Шкендија, овојпат од игра, за 2:1. Во финишот втор пенал за домаќинот и 3:1.
Во првата постава на Победа беа: Шемкоски, Ивчески, М. Талески, Кофиловски, Петроски, Да. Спиркоски, Богевски, Д. Шаркоски, Ќерими, Каба и Бектеш.
Следниот, четврти тест, Победа го закажа за вторник во Прилеп, со Башкими.