Наместо в среда, 21 септември, првиот меч од 1. коло на фудбалската Младинска лига на УЕФА помеѓу младинскиот шампион на Северна Ирска Колерајн и македонскиот шампион Победа, ќе се одигра на 28 септември. Одложувањето е поради сложеноста околу обезбедувањето визи за патување на прилепскиот клуб за што се неопходни барем уште неколку работни денови. Првично, на денот на ждрепката, истиот натпревар беше предвиден за 14 септември, што значи ова е второ одложување.
Кон Колерајн се планирани 24 патници од ФК Победа.