Денешниов беше ден на изненадувања во Втората фудбалска лига на Македонија. Во Штип се очекуваше сигурен триумф на Брегалница, а мечот заврши нерешено, во Куманово фаворитот Башкими не успеа да му даде ниту гол на Новаци, во Велес Борец го изненади Кожуф, а во Прилеп иако сите предвреме беа сигурно во новите три бода за Победа, тие ги освои гостинскиот тим Вардар од Неготино.
На мечот во Прилеп Победа офанзивно почна, имаше шанси и удари на гол, но недоволни за да се совлада сигурниот голман, 21-годишниот кумановец Кристијан Ѓорѓиевски. Од друга страна, тимот Вардар во 63. минута успеа да постигне гол преку Ѓорѓи Шишков, и така да ги освои трите бода. Во акцијата претходеше шут на гол, одбиен до стрелецот, па случајно се создаде зицер-шанса.
ПОБЕДА: И. Николоски, Ивчески, Казимоски (79. Арифи), А. Петрески (66. Љумовиќ), Исмаил, Д. Шаркоски, Ф. Димоски, Кофиловски, П. Петроски (66. М. Талески), Каба, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
ВАРДАР Н.: Ѓорѓиевски, Јордановски, Обадиќ, Јаневски (46. Шиков), Нејковски, Спасов, Неделков (68. Ќазимов), Шишков, Адили (82. Младеновиќ), Павлески, Најдов (58. Јанкулов). Тренер: Горан Тодорчев.
РЕЗУЛТАТИ 23. КОЛО: Победа – Вардар Н. 0:1, Башкими – Новаци 0:0, Охрид – Саса 2:1, Беласица – Вардарски 4:1, Арсими – Осогово 3:1, Македонија ЃП – Скопје 1:0, Борец – Кожуф 2:1, Брегалница – Детонит 1:1.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 52, Башкими 50, Брегалница 47, Арсими 45, Охрид 35, Скопје и Беласица 34, Детонит, Саса 32, Кожуф 31, Новаци и Вардар Н. 24, Победа 23, Осогово 17, Борец 10, Вардарски 8.
СЛЕДНО 24. КОЛО (12 април во 15 часот): Новаци – Победа, Вардар Н. – Брегалница, Детонит – Борец, Кожуф – Македонија ЃП, Скопје – Арсими, Осогово – Беласица, Вардарски – Охрид, Саса – Башкими.