Поради претстојните Велигденски празнувања, се играат спортски натпревари пред викендот. Така, од плејаутот на Супер лигата на Македонија во ракомет за мажи денеска се два меча од 4. рунда. Вечерва од 19 часот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е дуелот Прилеп – Радовиш. Можност за Прилеп да ја продолжи успешната серија од две победи и реми. Со евентуален триумф вечерва пак се враќа на врвот од табелата.
ДВОЈКИ 4. КОЛО (денеска од 19 часот): Борец – Струга, Прилеп – Радовиш. Вчера: Пролет – Куманово 24:20.
ТАБЕЛА: Пролет 8, Прилеп 7, Куманово 5, Борец и Струга 3, Радовиш 2.