Шах

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ 21 МЕСТО ПОГОРЕ ОД СТАРТНАТА ПОЗИЦИЈА

     На Европскиот поединечен шампионат во Брежице, Словенија, настапија шестмина шахисти од Македонија, меѓу нив прилепскиот фидемајстор Роберт Велески. Тој го освои 243. место на конечната табела, што е за 21. место подобрување во однос на стартната позиција. Поените (4,5) му припаднаа преку пет порази (ВМ Володимир Ветошко од Украина, ФМ Нилс Рихтер од Германија, ФМ Том Огорман од Ирска, ИМ Федерико Манца од Италија, ФМ Мај Зилкербах од Словенија) трите ремија (ФМ Шрејс Ројал од Англија, Ник Јаворник од Словенија, ФМ Роландас Мартинкус од Литванија), и трите победи (Зафрир Пат од Израел, Маркус Златанович од Словенија, ФМ Давид Гершковиќ од Израел).

Останатите од Македонија во конкуренција на 317 учесници од 40 држави го постигнаа следниот пласман: 153. место ФМ Емил Ристески (на стартот 177.), 233. Антон Златков (278.), 238. Филип Михов (229.), 274. Хедон Мифтари (297.), 306. ВМ Кирил Георгиев (73.), кој не ги одигра последните четири партии.

Европски шампион е ВМ Матијас Блубаум од Германија со 8,5 поени.

Од категоријата

ЗБОГУМ ЗА ОСВОЈУВАЧОТ НА КУПОТ

Зоран Иге

(фото) И ДАНЕЦ НА ТУРНИРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ИГРАЧ НА ПРИЛЕП Е НА ПАТ ДА СТАНЕ СВЕТСКИ ПРВАК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе