Шах

ВЕЛЕСКИ ГО ПОСТИГНА НАЈВИСОКИОТ ПЛАСМАН

Отвореното шаховско првенство на Македонија го освои интермајсторот Филип Панчевски со 8 поени од 9 партии, втор е фидемајсторот Емил Ристески со 7, но овој настан е мошне важен и за третопласираниот со 7 поени, фидемајсторот Роберт Велески. Прилепчанецот го постигна својот најголем успех на овој вид натпревари. Има само еден пораз, од ФМ Ристески, две реми – со ФМ Дејан Динев и со шампионот ИМ Панчевски, а ги совлада Дино Табаковски, младиот сограѓанин Матеј Ѕвездакоски, Јанчо Ѓорѓевски, Мишко Мишкоски, ФМ Љубомир Илиќ и Андреј Велјаноски.

На првенството во Скопје учествуваа 59 шахисти.

Од категоријата

ПРИЛЕП ГО СРУШИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ЛАЦИО!

Зоран Иге

ЗБОГУМ ЗА ОСВОЈУВАЧОТ НА КУПОТ

Зоран Иге

(фото) ПЕЛАГОНИЈА СОБРАНА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе