Шах

(фото) ПЕЛАГОНИЈА СОБРАНА ВО ПРИЛЕП

Масовен беше турнирот во забрзан шах „Гран-при Пелагонија 4“ во Прилеп, во Мултикултурниот центар „Тризла 1“. Учествуваа 52 шахисти од цел регион. По 9 одиграни кола по Швајцарски систем, првак е Горан Готовуша со 7,5 поени (1 пораз, 1 реми, 7 победи), пред битолчанецот Марјан Христовски со 7 поени (1 пораз, 2 реми, 6 победи).

Ист број поени (7) освои и ИМ Тони Кироски, а по 6,5 Дејан Ѓорѓиески и Кире Николоски. Најдобропласирана шахистка е прилепчанката со потекло од Полска, Јустина Дутка на 19. место со 5 поени.

Организатори беа клубовите Прилеп и Пелагон.

 

Од категоријата

НА ПРИЛЕП МУ ПОДМЕТНАЛЕ ПОГРЕШЕН СОСТАВ – СО АЗЕРБЕЈЏАНЕЦ, ЕГИПЌАНЕЦ, ГЕРМАНЕЦ, УКРАИНЦИ И ФРАНЦУЗИ!

Зоран Иге

ПОДОБАР ОД 131 УЧЕСНИК!

Зоран Иге

САМО ОВДЕ ИМА БОРБА НА 12 ПРОТИВ 79-ГОДИШНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе