Шах

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СТАНА ПРВОЛИГАШ!

Прилепската екипа Пелагон е нов член на Првата женска шаховска лига на Македонија. Статусот го избори преку освојување на првото место во квалификациите одржани во Струга. Таму прилепскиот тим ги совлада сите четири противници. Во првото коло беше победата од максимални 4:0 над битолски Шах-шех. И во втората рунда убедлив триумф, од 3:1 над битолски 4 Ноември. Немаше никаков проблем и со останатите ривали од Скопје, така што Капабланка и Дамин гамбит се совладани со по 3,5:0,5. За Пелагон настапија: прилепчанката со полско потекло Јустина Дутка (освоени 3,5 поени), Викторија Велеска (3,5), Теодора Ѓорѓиеска (3) и Маја Дамеска (4). Покрај Пелагон, пласман во Првата лига има и Капабланка.


Првата лига ќе се одржи од 23 до 30 јули во Струмица.

Од категоријата

НА СТРАШНО СИЛНОТО ЕВРОПСКО ИМА И ПРИЛЕПЧАНЕЦ

Зоран Иге

ЧУДО: ЕДЕН ДЕН, ДВА ТУРНИРА ВО ДВА ГРАДА – ИСТИ УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

ШЕСТМИНА МАКЕДОНЦИ СЕ БОРАТ СО ЕВРОПСКАТА ЕЛИТА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе