Во Скопје се одржа Државно шаховско првенство на Македонија за млади шахисти до 18 години. Учествуваа шахисти од целата држава, меѓу нив 17-годишниот прилепчанец Никола Павлески, член на ШК Мултиесенс од Скопје. Тој одлично одигра, според рејтингот, се пласира веднаш до шампионот Михаел Барнс, член на ШК Капабланка од Скопје.
Павлески дозволи само 1 пораз (од шампионот Михаил Барнс), двапати ремизира (со Малачи Насков и Кирил Николовски од Мултиесенс), постигна 4 победи (со Кристијан Лазовски од Капабланка, Драги Јакимов од Алкалоид Скопје, Влатко Крстев од Цареви Кули Струмица и со Ефе Ибраимов од 7 Ноември Гевгелија). Редоследот на табелата е: Михаил Барнс 6, Никола Павлески 5, Драги Јакимов, Ефе Ибраимов и Кирил Николовски по 4,5 поени итн.
Иако пријавен, не настапил уште еден прилепчанец, Михаил Маркушески.