Интересно е првенството од Младинската фудбалска супер лига, со оглед на борбата за титулата помеѓу скопски Вардар и прилепска Победа. Вардар е прв со 52 бода, пред Победа со 50 и натпревар помалку. Така, неизвесноста продолжува и секое коло е важно. Викендов вниманието е свртено кон дуелите Пелистер – Вардар и Победа – Работнички. Дали Работнички е нова „жртва“ на Победа? Дали Пелистер може да го изненади Вардар? Работнички е на 12. место со 11 бода, а Пелистер на 6. со 32. Мечот во Битола се игра в сабота во 14 часот, а во Прилеп в недела во 12.
ОСТАНАТИ МЕЧЕВИ 23. КОЛО: Брегалница – Скопје, Ренова – Кул здравје, Академија Пандев – Њу старс, Шкупи – Македонија.