И по 18 кола нема пораз, нема кој да го совлада во целата лига. Станува збор за тимот на Вардар од Неготино. Во Третата фудбалска лига – Југ досега одигра 16 меча, на кои нема пораз, само две нерешени и дури 14 победи. Последната е во Обршани со 5:2. Иако домашните поведоа со голот на Виктор Ѓорески во 15. минута, натаму следеа три гола на гостите – преку Петар Ристовски во 33., Никола Вареловски во 37., Кирил Неделков во 57., па втор гол за домашните на Дарко Евтимџиоски во 71., за гостинскиот триумф да го потврдат Горан Соколов во 76. и Даниел Буровски во 80. минута. И покрај тоа што е непоразен, Вардар и сега не е сигурен на врвот, со оглед на тоа што на табелата води со 44 бода, само три повеќе од велешки Превалец со 41.
РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО: Питу Гули – Росоман 2:2 (Валентин Белески 54., Соте Волчески 59. – Игор Ѓорѓиев 11., Бојан Миланов 82.), Марена – Превалец 0:2 (Пеце Стојанов 19. и 36.), Младост – Бучин 4:3 (Бени Кулески 3., 40. и 51., Хоки Тодороски 28. – Никола Сламкоски 61., Бојан Мицески 75. и 86.) , Ново Црнилиште – Слога 2:1 (Ерџан Ибраимоски 28., Мустафа Селманоски 78. – Едат Махмутовиќ 63.), Големо Коњари – Возарци 1:0 (Филип Бешовски 16.).
ТАБЕЛА: Вардар 44, Превалец 41, Питу Гули 35, Росоман 34, Ново Црнилиште 28, Големо Коњари 26, Динамо 21, Марена 20, Слога 17, Бучин 14, Младост 13, Обршани 11, Возарци 3.
ЗАОСТАНАТ МЕЧ ОД 17. КОЛО (среда 17 ч.): Динамо – Големо Коњари (игралиште со вештачка трева во Прилеп). СЛЕДНО 19. КОЛО (сабота 17,30 ч.): Вардар – Марена, Големо Коњари – Питу Гули, Динамо – Ново Црнилиште (игралиште со вештачка трева во Прилеп), Слога – Младост, Бучин – Обршани, Превалец – Росоман.