Фудбал

ПЕНАЛ ЈА СВРТИ НАОПАКУ ИГРАТА ВО ПРИЛЕП!

Борбен и со многу шанси на двете страни дуел на игралиштето со вештачка трева во Прилеп имаа Динамо од Мажучиште и Големо Коњари, во 17. коло од Третата лига – Југ. Гостите поведоа во првото полувреме со 2:0 со двата гола на Филип Бешовски во 26. и 36. минута. Се чинеше дека тимот од Големо Коњари целосно ја има контролата врз играта, па се очекуваше и зголемување на водството. Така беше до полувремето. Во вториот дел обратна слика во поглед на головите. Големо Коњари не искористи неколку добри шанси, а се се сврти по 66. минута, кога по досудениот пенал Кире Наумоски намали на 2:1. Динамо се разигра и како плод на тоа е израмнувачкиот гол во 80. минута, со волеј на Иван Атанасоски.

ТАБЕЛА: Вардар 44, Превалец 41, Питу Гули 35, Росоман 34, Ново Црнилиште 28, Големо Коњари 27, Динамо 22, Марена 20, Слога 17, Бучин 14, Младост 13, Обршани 11, Возарци 3.

СЛЕДНО 19. КОЛО (сабота 17,30 ч.): Вардар – Марена, Големо Коњари – Питу Гули, Динамо – Ново Црнилиште (игралиште со вештачка трева во Прилеп), Слога – Младост, Бучин – Обршани, Превалец – Росоман.

Од категоријата

ДЕСПИНА НАПРЕДУВА ДО 4. МЕСТО!

Зоран Иге

ДЕРБИТО Е ДЕНЕСКА ОД 15 ЧАСОТ!

Зоран Иге

ПОЧНУВААТ ПО ОДОМОРОТ ОД 112 ДЕНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе