Екипата на Гарван од Десово е првиот финалист од плеј-офот за првак на ОФС Прилеп, откако со 1:0 го совлада Влазними јуниор од Пресил, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Стрелец е Емран Имероски во 51. минута. За двете екипи имаше силна поддршка од трибината. Повеќе стотини гледачи присуствуваа на натпревар од општински ранг, за кого при влезот се наплаќаше по 50 денари.
И утре (четврток во 17 часот) на истото место е интересен дуел, втор полуфинален, Мукос од Дреновци против Канатларци.